Според извештајот, Кина се обидува да ги одржи своите силни односи со Русија, но истовремено се труди да не биде мета на санкции.
„Тоа ќе биде многу тешко“, кажал за американскиот весник висок функционер на американската влада. „И тоа е недоволно од руски аспект“.
Во меѓувреме извор од Пекинг со директни сознанија за ситуацијата кажал дека владата на кинескиот претседател Си Џинпинг не е спремна да ѝ пружи неограничена помош на Москва по инвазијата на Украина.
„Кина јасно го изнесе својот став за ситуацијата во Украина и незаконските санкции против Русија. Ги разбираме неволјите на Москва. Но не можеме да ја занемариме сопствената ситуација. Кина секогаш ќе дејствува во најдобриот интерес на кинескиот народ“, кажал изворот за Вашингтон пост.