Вашингтон пост: Еве снимка на која Трамп бара да бидат наместени гласовите во Џорџија (АУДИО)

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да го натера државниот секретар на Џорџија да најде гласови во негова корист за да го промени текот на изборите, објави Вашингтон пост, кој приложи и аудиоснимка од разговорот.

Фото: ЕПА

Трамп, изненадувачки, загуби во Џорџија.

Вашингтон пост денеска објави делови од едночасовниот телефонски разговор помеѓу Трамп и државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, исто така републиканец, и напиша дека Трамп наизменично му ласкал, го молел и му се заканувал на Рафенспергер со неодредени казнени последици, во обид да го поништи својот изборен пораз од новоизбраниот претседател Џо Бајден во таа држава.

Весникот наведува дека Рафенспергер и неговиот советник во текот на целиот разговор ги отфрлале Трамповите тврдења и му одговориле на претседателот дека се потпира на спорните теории на заговор за изборите, кои биле фер и коректни. Аудиоснимките објавени од весникот го потврдуваат тоа.

„Народот во Џорџија е лут, луѓето во земјата се бесни“, рекол Трамп, според дел од снимката што ја објави весникот на својата веб-страница. „Нема ништо лошо, знаете, ако кажете дека повторно сте пресметале“, рече тој.

„Знаете, сè што сакам е ова. Само сакам да најдам 11.780 гласа, што е еден повеќе отколку што имаме. Бидејќи победивме во државата“, рекол Трамп во разговорот, инсистирајќи дека „нема шанси“ да загуби во Џорџија.

Белата куќа одби да ја коментира снимката, а канцеларијата на Рафенспергер сè уште не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар. Ниту од канцеларијата на Бајден немало коментар.

Џорџија е една од неколкуте клучни држави на претседателските избори во САД на 3 ноември на кои Трамп загуби од Бајден. Оттогаш Трамп изнесува неосновани обвинувања за изборна измама во тие држави во обид да го смени резултатот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе