Против коронавирусот

Вакцини и на црниот пазар - просечна цена околу 500 долари

Истражувачи од компанијата „Касперски“ испитале 15 различни пазари на таканаречениот даркнет и откриле реклами за три вакцини против коронавирусот - на Фајзер / Бајонтек, Астра зенека и на Модерна.

Фото: ЕПА

Според соопштението, имало и продавачи што рекламирале непроверени вакцини.

„Повеќето продавачи се наоѓаат во Франција, Германија, Велика Британија и САД, а цените по доза се движеа од 250 до 1.200 долари, со просечна цена од околу 500 долари. Комуникацијата се прави преку апликации за шифрирана размена на пораки како Викр и Телеграм, додека барањето за плаќања се прави во форма на криптовалута, пред сè биткоин“, соопшти компанијата Касперски.

Се додава дека повеќето од овие продавачи од црниот пазар извршиле меѓу 100 и 500 трансакции, што укажува на тоа дека оствариле продажба, но што точно купуваат корисниците на даркнет останува нејасно.

„Со информациите што им се достапни  на експертите од Касперски, невозможно е да се каже колку дози на вакцини рекламирани преку интернет се вистински дози (многу медицински институции се најдоа во ситуација да користат преостанати дози) и колку реклами всушност се измама. Дури и да добиете нешто по пошта, најверојатно она што би го добиле не би била ефикасна, валидна доза. Што е уште поважно, добивањето такви дози е незаконско“, се наведува.

Експертот за безбедност Дмитриј Галов вели дека на Даркнет може да најдете речиси сè, па затоа не е изненадувачки што тамошните продавачи ќе се обидат да ја искористат кампањата за вакцинација.

„Во текот на изминатата година имаше голем број измами што ја користеа темата ковид, и многу од нив беа успешни. Во моментов, не само што луѓето продаваат дози вакцини, туку тие исто така продаваат записи за вакцинација - документи што може да ви помогнат да патувате слободно. За корисниците е важно да бидат внимателни кога станува збор за какви било 'понуди' поврзани со пандемијата и, се разбира, никогаш не е добра идеја да се купи вакцина од даркнет“, вели Галов.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе