Ватикан се плаши од коронавирусот

Утре папата ќе ги благословува верниците преку видеолинк

Традиционалната молитва ангелус папата Франциско на верниците утре ќе им ја упати од својата библиотека со видеопренос, а не од неговиот прозорец кој гледа на плоштадот Свети Петар, јави официјален Ватикан, истакнувајќи дека со тоа се сака „да се избегне опасноста од ширење на коронавирусот“.

„Папата молитвата на ангелскиот поздрав ќе ја каже во библиотеката на Апостолската палата, а не од прозорецот кој гледа на плоштадот Свети Петар. Молитвата ќе се пренесува во живо на ватиканските вести и на големите екрани кои ќе бидат поставени на плоштадот за верниците да можат да учествуваат“, се вели во соопштението на Ватикан.

Одлуката е донесена „за да се избегне опасноста од ширењето на вирусот ковид-19 меѓу големиот број собрани на плоштадот Свети Петар“, се вели во соопштението и се додава дека папината неделна аудиенција ќе се одржи во среда на истиот начин.

Молитвата во недела и аудиенцијата во среда се големи атракции за аџиите и туристите кои доаѓаат во Рим за во живо да го видат папата. Гужвата која обично се создава на плоштадот Свети Петар по оваа најава би требало да биде значително помала.

Покрај тоа, до 15 март се откажани мисите во Домот на света Марта во кој живее папата.

Повеќе од една недела 83-годишниот папа Француско не излегол од својот дом кој се наоѓа во близина на базиликата Свети Петар.

Ватикан во петокот објави дека е забележан првиот случај на заразување со коронавирусот

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе