Уште еден министер од британската влада поднесе оставка

Помладиот министер за образование Вил Квинс, кој пред неколку дена го бранеше премиерот Борис Џонсон, поднесе оставка.

Фото: ЕПА

На Скај њуз во понеделникот Квинс рече дека бр. 10 го уверувал дека Џонсон не бил свесен за обвинувањата против конзервативниот пратеник Кристофер Пинчер. Кабинетот на премиерот оттогаш призна дека Џонсон знаел за повеќекратните поплаки за наводното „предаторско однесување“ на Пинчер пред да го назначи за заменик во почетокот на оваа година.

Објавувајќи ја својата одлука на Твитер, Квинс ги наведе „неточните“ гаранции во врска со Пинчер како причина за поднесувањето оставка и му посака среќа на својот наследник.

Вчера оставки од Владата на Велика Британија поднесоа и министрите за финансии и здравство Саџид Џавид и Риши Сунак.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе