Во Украина

Уште двајца руски војници се изјаснија за виновни за напади врз цивили

Уште двајца руски војници утрово признаа вина пред судот, а се обвинети за гранатирање цивили во Украина.

Фото: Твитер

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признаа вина за „прекршување на правилата на војната“ и утрово се појавија на суд.

Тие се обвинети за гранатирање на цивилни области во Украина со ракетите ГРАД.

Друг руски војник, 21-годишниот Вадим Шишимарин, вчера, на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија, призна вина за убиство на невооружен цивил.

Тој призна дека откако добил наредба, пукал во 62-годишен невооружен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе