Наредена евакуација на два и пол милиони луѓе

Ураганот Ијан стигна до Флорида како бура од катастрофална четврта категорија (ВИДЕО)

Ураганот Ијан стигна до Флорида, носејќи силни дождови и опасно високи бранови со силни удари на ветер. Поради ураганот претходно беше наредена евакуација на два и пол милиони луѓе.

EPA-EFE

Ијан, кој засили над топлите води на Мексиканскиот Залив, во текот на ноќта прерасна во ураган од катастрофална четврта категорија, со максимални ветришта со јачина од 250 километри на час, според податоците на американскиот Национален центар за урагани. Бурата е на пат да удри блиску до густо населената област Форт Маерс, а метеоролозите предупредуваат дека може да предизвика бранови високи пет и пол метри.

Се очекува ураганот полека да се движи над Флорида и да погоди бројни области, меѓу кои Тампа, Орландо и Џексонвил.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис ги повика граѓаните кои се на патот на ураганот итно да заминат во најблиското засолниште и да останат таму додека невремето да помине.

Ијан ја зафати Флорида откако предизвика разурнувања на Куба, каде две лица ги загубија животите во невремето, а целиот остров, односно околу 11 милиони луѓе, останаа без струја. Кубанските власти во текот на денот успеаја да воспостават снабдување со струја за дел од граѓаните.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе