Управителот на руската затворска служба: Навални е безбеден, во затворот може и да се вработи

Откако Алексеј Навални беше префрлен од притвор во Москва во казнена установа, управителот на Федералната казнена служба кажа дека рускиот опозиционер таму ќе биде безбеден.

EPA-EFE

„Гарантирам дека нема опасност за неговото здравје, а сигурно не за неговиот живот“, изјави Александар Калашњиков. Тој кажа дека Навални, ако сака, во казнениот затвор може да најде и некаква работа.

Здруженијата за човекови права претходно соопштија дека стравуваат за Навални. Како што пишуваат западните агенции, руските казнени логори се озлогласени поради суровоста и мачењето на затворениците, а не се ретки и смртните случаи.

Активистите го критикуваа тоа што ни семејството не знае каде е префрлен 44-годишниот опозициски лидер.

Калашњиков само кратко напомена дека со одлуката на судот Навални сега е „таму каде што треба да биде“.

Адвокатите на Навални веруваат дека би можел да биде пуштен на лето 2023 година со сметање на времето минато во притвор и во домашен притвор.

Станува збор за досега најдолгата затворска казна изречена на Алексеј Навални кој веќе дваесет години му се спротивставува на рускиот претседател Владимир Путин. Неговите казни претходно се броеја во денови или недели.

Навални е осуден поради прекршување на условната казна, односно поради престојот во Германија каде се лекуваше од наводното труење со нервен агенс.

Навални во 2014 година беше осуден на условна казна поради финансиска проневера во руската филијала на француската групација Ив Роше.

По враќањето од Германија во Русија на 17 јануари, Навални веднаш беше уапсен и задржан во притвор, а потоа осуден по итна постапка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе