УНИЦЕФ: Училиштата веќе година дена се затворени за 168 милиони ученици (ВИДЕО)

За време на карантинот поради коронавирусот, училиштата се затворени за речиси 168 милиони ученици ширум светот речиси една година, соопшти УНИЦЕФ предупредувајќи на катастрофалните последици за иднината на тие деца.

Screenshot

Училиштата во 14 држави ширум светот останаа затворени од март минатата година се до февруари, се вели во извештајот на УНИЦЕФ за затворањето на училиштата.

Од нив, две третини се во Латинска Америка и Карибите, каде што се погодени речиси 98 милиони ученици.

„Како што се приближува една година од почетокот на пандемијата, повторно потсетуваме на катастрофата во образованието во вонредните околности на карантин низ целиот свет“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.

„Со секој ден што поминува, децата кои не можат лично да посетуваат настава сè повеќе заостануваат, а најмаргинализираните плаќаат најскапа цена“, нагласи Фор.

УНИЦЕФ предупредува дека постојното затворање на училиштата има катастрофални последици, и за најранливите деца наместо настава постои закана да бидат принудени на детски бракови или детска работа.

Се додава дека повеќе од 880 милиони деца ширум светот се соочуваат со нарушувања во образованието поради целосно или делумно затворање на училиштата, според податоците на УНЕСКО.

Како начин да се привлече вниманието кон образовната катастрофа, УНИЦЕФ постави макета на пандемиска училница во седиштето на ООН во Њујорк. Составена е од 168 празни клупи и секоја клупа претставува милион деца кои живеат во земји каде училиштата се скоро целосно затворени.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе