Откако почна руската инвазија

УНИЦЕФ: Најмалку две деца гинат секој ден во Украина

Според податоците на УНИЦЕФ, од почетокот на руската инвазија на Украина секој ден се убиени најмалку две деца, а по неколку се ранети.

Фото: ЕПА

Во Украина, речиси 100 дена од руската инвазија, секој ден се убиваат најмалку две деца, а многу повеќе се рануваат, соопштија хуманитарците на ОН во средата, на Меѓународниот ден за заштита на децата.

УНИЦЕФ предупредува дека страдањата ќе продолжат доколку не дојде до итен прекин на огнот.

На децата им е потребна безбедност и стабилност, но најмногу им е потребен мир, велат Обединетите нации.

„1 јуни е Меѓународен ден за заштита на децата во Украина и во целиот регион“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел. „Наместо да ја славиме оваа пригода, ние официјално се приближуваме на 3 јуни - 100-тиот ден од војната што ги наруши животите на милиони деца. Без итен прекин на огнот и договор за мир, децата ќе продолжат да страдаат - а последиците од војната ќе влијаат на ранливите деца низ целиот свет“.

Се напаѓаат болници и училишта

Обемот и брзината на кризата во Украина не се видени од Втората светска војна, се вели во соопштението на агенцијата на ОН, во кое се проценува дека на 5,2 милиони деца таму сега им е потребна хуманитарна помош; три милиони внатре во земјата и повеќе од 2,2 милиони во земјите што ги примија бегалците.

Додека продолжува интензивната артилериска размена меѓу руските и украинските сили во источниот регион Доњецк и поради извештаите дека руските трупи сега контролираат голем дел од градот Северодоњецк, УНИЦЕФ соопшти дека речиси две од три деца во Украина се раселени поради борбите.

„Цивилната инфраструктура од која зависат децата продолжува да биде оштетувана или уништувана“, објаснува агенцијата. „Ова досега вклучува најмалку 256 здравствени установи и секое шесто ‘безбедно училиште’, кои се поддржани од УНИЦЕФ, на истокот на земјата. Оштетени се и стотици други училишта низ земјата. Условите за децата во источна и јужна Украина, каде што борбите се интензивираа, се сè поочајни“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе