Унгарија сака да ги спречи досега најострите санкции против Русија

Унгарија нема да го поддржи новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија доколку тие вклучуваат енергетски санкции, порача висок функционер на унгарската влада.

EPA-EFE

Вчера претставниците на ЕУ предложија нов пакет санкции против Русија, кои вклучуваат и ограничување на цената на руската нафта и воведување дополнителни ограничувања на трговијата со високотехнолошка стока.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека целта на новите санкции е „да се натера Кремљ да плати“ за ескалацијата на војната против Украина. Вети дека ЕУ ќе воведе ограничување на цената на руската нафта што „ќе помогне да се намалат приходите на Русија и да се одржи стабилноста на глобалните пазари“.

Гергели Гулјаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан денес експлицитно кажа дека Унгарија е против новите санкции.

„Унгарија веќе направи многу за да го одржи европското единство, но ако во новиот пакет има енергетски санкции, тогаш не можеме и нема да ги поддржиме“, кажа Гулјаш.

„Чекаме финална, целосна листа на санкциите и тогаш ќе може да преговараме за нив. Унгарија не може да поддржи енергетски санкции“, истакна тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе