„Нашиот став е кристално јасен. Не гледаме никаква рационална причина да се оди на уште еден пакет санкции, особено кога станува збор за енергетиката. Енергијата за нас е јасна црвена линија. Не сме спремни да го присилуваме унгарскиот народ да ја плаќа цената за војна за која апсолутно не е одговорен“, им кажа унгарскиот министер на новинарите.
„Нормално, ако биде предложен нацрт, ние ќе учествуваме во расправата, но нема да дадеме согласност за ништо што е против нашиот национален интерес“, додаде унгарскиот министер.
Според него, европската економија „влегува во рецесија“.
„Мислам дека тоа е сосема против интересите на Европа и Европејците“, истакна Сијарто.
Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ се согласија во средата на неформална вонредна средба во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, да продолжат со нови санкции против Русија и пружањето помош на Украина, соопшти високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жосеп Борел, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин ја нареди делумната мобилизација.