Унгарија ја одобри кинеската вакцина, прва во Европската Унија

Унгарија денес стана првата земја членка на Европската Унија која ја одобри вакцината против ковид-19 на кинескиот произведувач Синофарм, откако минатата недела исто така прва во РУ ја купи руската вакцина Спутник V.

EPA-EFE

Премиерот Виктор Орбан претходно денес кажа дека договорот за купување на кинеската вакцина би можел да се потпише веднаш.

Неговата влада исто така внимателно го следи исходот на масовната вакцинација со таа вакцина во Србија, додаде шефот на унгарската влада.

Орбан, како што кажа, најрадо би ја избрал кинеската вакцина бидејќи најмногу ѝ верува.

„Денес агенцијата за лекови ОГЈЕИ исто така издаде дозвола за користење на вакцината на Синофарм, и по тие на Фајзер, Модерна, Астра Зенека и на Спутник V сега можеме да сметаме и на оваа вакцина“, кажа Сесилија Мјулер, здравствена функционерка.

Првата пратка би требало да содржи до милион дози од вакцината.

Откако Унгарија ќе ја добие и кинеската вакцина, до март во таа земја би можеле да бидат вакцинирани околу 1,7 милиони луѓе.

Унгарија на крајот на декември доби 6.000 дози од руската вакцина против коронавирусот, што тогаш беше оценето како чекор без преседан во ЕУ.

Во веќе на 5 јануари германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за потесна соработка околу пандемијата на коронавирусот, вклучувајќи и можност за заедничко производство на вакцината.

Во Унгарија, земја со 10 милиони жители, досега се забележани 364.909 случаи на зараза, со 12.374 смртни случаи.

Мерките за сузбивање на епидемијата се продолжени до 1 март.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе