„Се гранатираат станбени квартови, детски градинки, училишта, индустриски погони и рудникот Засјадко“, рече Кулемзин и кажа дека пазарот во центарот на градот сè уште гори, пренесува ТАСС.
Тој потврди дека состојбата во градот е тешка, но и дека сите служби се ангажирани за санирање на штетите.
Вооружените сили на Украина од утрово го гранатираат Доњецк на секои 10 до 15 минути со артилерија, минофрлачи и повеќецевни ракетни системи, пренесоа агенциите.