Украинскиот претседател ја обвини Русија за организирање на гасната криза во Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за организирање на гасната криза во Европа и ја повика Европската Унија да го усогласи својот договор со Украина, пренесува Франс прес.

EPA-EFE

Европа, која третина од својот гас го набавува од Русија, е соочена со сè поголеми цени на гасот, наспроти сè поголемата побарувачка поради економското заздравување поради подобрувањето на епидемиолошката ситуација.

„Во тек е вистинска гасна агресија врз Европската Унија“, истакна Зеленски на средбата на 27 шефови на држави во Брисел.

„Се надевам дека земјите од ЕУ ќе ја сфатат потребата од заеднички напори и дека почитувањето на европските вредности е единствениот начин за зачувување на европската енергетска независност. Украина има што да понуди“, кажа тој.

Одбивајќи да ги зголеми испораките, Русија го фаворизира недостигот и растот на цените на гасот за да постигне пуштање во употреба на новиот гасовод кој ја поврзува Германија со Русија, Северен тек 2, тврди Зеленски.

Украина, која финансиски профитира од транзитот на рускиот гас преку нејзината територија кон Европа, се бори против Северен тек, чие пуштање зависи од германскиот регулатор.

Повеќето европски земји го поддржуваат проектот, на чело со Германија, додека други веруваат дека проектот поттикнува енергетска зависност од Москва, која тоа може да го искористи како енергетско оружје.

„Русија сака да ја присили Европа да го пушти Северен тек 2, не почитувајќи ги европските правила“, оцени Зеленски за инфраструктурниот проект со годишен извозен капацитет од 55 милијарди метри кубни гас.

Зеленски предложи моментално зголемување на испораките на гас преку украинската мрежа и може да гарантира вкупен транзит од 19 милијарди метри кубни до крајот на годината.

„Украинскиот предлог е целосно транспарентен и многу ефикасен. Ако Русија го испорача гасот, Украина ќе го гарантира неговиот транзит кон Европа“, кажа Зеленски.

Газпром сега испорачува 85 милиони метри кубни гас преку украинската мрежа, додека пред две години дневното количество изнесуваше 300 милиони метри кубни.

Русија негира дека ја уценува ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе