Украинскиот премиер: Германци, дајте ни тенкови

Украинскиот премиер Денис Шмихал ја повика Германија да му обезбеди на Киев модерни борбени тенкови за да им помогне на нејзините вооружени сили во борбата против тековната руска инвазија.

Фото: ЕПА

„Потребна ни е промена во филозофијата зад испораката на оружје. Со тоа мислам дека треба да се испорачуваат и модерни тенкови“, изјави Шмихал за агенцијата Дпа пред неговата посета на Берлин овој викенд.

„Очекуваме САД да испорачаат тенкови Абрамс, а Германија да испорача тенкови Леопард 2. Тоа се модерни тенкови што ѝ се потребни на Украина на бојното поле“, продолжи тој. Директното снабдување со тенкови и пешадиски борбени возила за Украина останува нешто како табу во Германија, каде што јавноста обично е претпазлива кон каква било форма на странска воена интервенција.

Ниту една друга членка на НАТО досега не ѝ испорачала вакви системи за оружје на Украина. Шмихал в сабота треба да пристигне во Берлин, а в недела ќе биде примен од германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој е највисокиот украински политичар што го посетил Берлин откако Русија ја нападна Украина пред нешто повеќе од шест месеци.

Германија прво не сакаше да го снабдува Киев со оружје, но подоцна испрати 10 хаубици, три повеќекратни ракетни фрлачи и три оклопни спасувачки возила. „Германија постигна огромен напредок во однос на снабдувањето со оружје за Украина“, рече Шмихал, од првичната испорака на шлемови и заштитна опрема до најсовремено оружје.

Сепак, Шмихал исто така нагласи дека на Украина ѝ треба повеќе оружје што е можно поскоро и ја повика Германија да испрати повеќе тенкови и системи за противвоздушна одбрана. Тој рече дека на Украина ѝ е потребна поддршка од Меѓународниот монетарен фонд и Европската Унија за да се избегне економска хиперинфлација во земјата.

„Ние се бориме за мир. Мислам дека не можете да се уморите од борбата за мир“, додаде тој. „Сите ние сме на нишан на овој режим. Мораме да застанеме заедно и да се бориме заедно за слободата во Европа.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе