„Упадот би можел да биде извршен по Зимските олимписки игри“

Украински генерал за можната инвазија: Нè загрижува 20 февруари, луѓето се спремни со голи раце да им се спротивстават на Русите

Руските тенкови и војници за само неколку недели би можеле да ја поминат украинската граница и така да предизвикаат сеопшт конфликт во Европа, тврди еден од највисоките киевски генерали Александар Пављук.

EPA-EFE

Во интервју објавено за британски Тајмс, генералот-потполковник Пављук кажа дека упадот би можел да биде изведен во деновите по Зимските олимписки игри, кои треба да се одржат во Пекинг следниот месец.

„Датумот кој нè загрижува е 20 февруари“, кажа тој, тврдејќи дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно би сакал да избегне да ја навреди Кина со тоа што ќе ги засени Игрите со војна.

Покрај тоа, овој датум го означува крајот на планираните руско-белоруски воени вежби на границата со Украина, пишува РТ.

Пављук, кој служел во советските оружени сили во последните години од постоењето на СССР, кажа дека е уверен во способноста на своите трупи да се борат против Русија, и покрај неспоредливите воени капацитети.

„Имаме околу половина милион луѓе кои минале низ војна во оваа земја во која изгубиле некого или нешто. Половина милиони кои изгубиле крв на роднини, изгубиле домови или пријатели, а спремни се со голи раце да им се спротивстават на Русите“, кажа Пављук.

Според него, доколку украинските разузнавачи можат да ја предвидат насоката на нападот на Русија, тоа би им нанело силен удар на трупите на Путин.

„Путин сфаќа дека по големи загуби неговата војска може самата да сопре. Во ова не можете да ѝ верувате на интуицијата. Станува збор за студена пресметка“, објаснува Пављук.

Украинските и западните функционери со месеци стравуваат од непосредна инвазија на Русија и укажуваат на движењето на трупите на Москва на нејзина територија, каде наводно се групирани над 100.000 војници во близина на границата со Украина.

Кремљ во повеќе наврати негираше дека има какви било агресивни намери, инсистирајќи дека едноставно ги преместува силите на сопствена територија, и повика на безбедносни договори со НАТО пактот предводен од САД.

Меѓутоа, и покрај тврдењата на украинскиот генерал, претседателот на Украина Володимир Зеленски им кажа на граѓаните во телевизиско обраќање дека ризикот од инвазија не пораснал.

Секретарот на киевскиот Совет за национална безбедност Алексеј Данилов во понеделникот исто така се обиде да го намали значењето на заканата, нарекувајќи ја „паника предизвикана од геополитички и домашни причини“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе