„Украина успешно изведе ракетни напади на непријателски воени бази, поточно воздухопловната база Саки“, напиша во текст кој го објави украинската државна агенција Укринформ.
Во тој напад загина едно лице, а повеќе беа повредени. Уништена беше муниција за воени авиони. Киев досега официјално не ја призна одговорноста за нападот ниту за вториот чија мета неколку дена подоцна беше магацин за муниција на северот на Крим.
Залужни повторно побара од Западот да ѝ испрати на Украина уште оружје со долг дострел. Руските крстосувачки проектили имаат дострел од 2.000 километри, а украинските ракети не повеќе од 100 километри, кажа тој.