„Вечерва околу 18 часот руските сили со авиони Су-30 извршија два напади со фосфорни бомби“, објави украинската војска и објави видео за кое тврди дека прикажува еден од нив.
Руското министерство за одбрана вчера објави дека нивните сили се повлекле од Змискиот Остров како „гест на добра волја“, што треба да сугерира дека Русија нема да се меша во обидите на ОН да го организира извозот на житарки од Украина.
Украинската војска вечерва ги обвини Русите дека „не можат да ги почитуваат ни сопствените декларации“.
Фосфорните оружја, кои оставаат карактеристични бели траги во воздухот, се запаливи оружја чие користење против цивили е забрането со меѓународните конвенции, но нивната употреба е дозволена на воени цели.
Киев во повеќе наврати ја обвини Русија дека користи фосфорна муниција, па и врз цивили, што Москва го негира.