Украина: Русите извршија голем број напади

Генералштабот на Украина извести за голем број руски напади во земјата и предупреди за опасност од воздушни напади од Белорусија.

Фото: ЕПА

Главниот фокус на борбите е источна Украина каде што се одбиени 11 напади, се наведува во дневниот извештај за состојбата во земјата. Украина и понатаму е загрозена од рускиот сојузник Белорусија, која официјално не води војна.

Покрај тоа, бродови на руската морнарица се распоредени во Црното и Азовското Море за борбени и извидувачки операции, се додава во извештајот. Генералштабот објави дека руските војници ги спречуваат цивилите да побегнат од областа Керсон на територијата под контрола на Украина и ги блокираат новите хуманитарни коридори.

Руското Министерство за одбрана во меѓувреме објави дека од бродови во Црното Море истрелало проектили врз цели во Украина. Оружјето донесено од Европа и САД било уништено во регионот Житомир, тврди Москва. Воен камп за обука во близина на пристанишниот град Одеса бил нападнат со проектили и артилерија, се додава.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе