Украина: Русија го користи судењето на странци за да го зголеми влогот во преговорите

Русија сака да искористи тројца странци како заложници, заробени додека се бореле за Украина и се осудени на смрт, за да изврши притисок врз Западот околу мировните преговори, изјави висок украински функционер. Двајца Британци и еден Мароканец беа осудени на смрт вчера пред судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР) во источна Украина, пренесоа руските агенции.

Фото: ЕПА

Тие беа изведени пред лицето на правдата откако украинскиот суд минатиот месец осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил во Украина. Киев рече дека судската пресуда нема правна сила, дека борците се припадници на украинските вооружени сили и дека подлежат на заштита на Женевската конвенција.

Вадим Денисенко советник на министерот за внатрешни работи, изјави дека Украина ќе ја координира својата позиција за казнување со Велика Британија, САД и Европската унија. „Судењето на странците ја подигнува улогата во преговарачкиот процес на Руската Федерација. Тие се користат како заложници за да се изврши притисок врз светот околу процесот на преговорите“, изјави тој за националната телевизија.

Мировните преговори меѓу Украина и Русија се замрзнати. Русија ја обвинува Украина за блокирање на преговорите, а Киев ја обвинува Москва. Во посебен преговарачки процес Турција работи на договор за безбеден премин за жито во блокираните украински пристаништа на Црното Море.

Двајца Британци и еден Мароканец беа прогласени за виновни за „платенички активности и извршување дела со цел преземање на власта и уривање на уставниот поредок“ на самопрогласената ДПР.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе