Украина: Русија денеска планира да изврши провокација во нуклеарната централа (ВИДЕО)

Украинската воена разузнавачка служба верува дека Русија денеска планира „провокација“ во нуклеарната централа Запорожје.

Фото: скриншот

„Окупаторите најавија неочекуван ‘слободен ден’ во нуклеарната централа Запорожје. На 19 август ќе има само оперативен персонал во НЦ Запорожје. Влезот за сите други вработени ќе биде затворен“, објави украинската разузнавачка служба.

Киев ја обвини Москва, чии сили ја зазедоа нуклеарната централа во март, дека ја користи како штит од кој може да гранатира украински цели. Москва вели дека Украина е таа што го гранатира објектот, најголемиот нуклеарен реактор во Европа.

Киев, од друга страна, тврди дека руските сили го гранатирале објектот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат руски воени возила во турбинската просторија на нуклеарната централа Запорожје. Собата со турбините е поврзана со нуклеарниот реактор.

Си-ен-ен ја геолоцирал и ја потврдил автентичноста на снимката, која се појави на интернет вчера. Сѐ уште не е познато кога е снимено видеото.

Видеото покажува една од шесте соби со турбини сместени на западната страна на нуклеарната централа. Секоја сала е поврзана со нуклеарниот реактор и се наоѓа во истиот објект каде што се наоѓа и реакторот.

Возилата наликуваат на стандардни руски воени камиони. Тие се наоѓаат на западниот раб на зградата на приземјето, на околу 130 метри од реакторот. На видеото се гледаат најмалку пет камиони, а на еден од нив е провоениот симбол „Z“. Во близина се сместени палети и две структури слични на шатори.

Не е познато дали палетите и предметите налик на шатор се дел од руската воена опрема или се поврзани со работата на електраната.

Москва вчера соопшти дека во објектот има само воен персонал. Руското Министерство за одбрана тврдеше дека сателитските снимки „покажуваат дека тешко оружје не е поставено во областа на електраната“.

Си-ен-ен се обратил до руското Министерство за одбрана за коментар за тоа што има внатре и околу воените возила во просторијата за турбина, но сè уште нема одговор.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе