Украина бара од Германија да го исклучи Северен тек 1

Генералниот директор на компанијата ГТС оператор Украина, Сергеј Макогон, изјави дека побарал од германската влада да го исклучи гасоводот Северен тек 1 и наместо тоа предложил снабдување со гас преку украинскиот систем за транзит на гас.

EPA-EFE

„Заедно со Нафтогас упативме апел до германското министерство за економија и германскиот регулатор во врска со прекин на Северен тек 1. Ова е гасовод кој во моментов работи. Гледаме дека причините врз основа на кои Северен тек 1 е исклучок, во овој момент не се реални. И бараме германската влада да ги преиспита овие исклучоци и всушност да ги сопре или значително да ги ограничи испораките на гас во Европа преку Северен тек 1“, кажа Макогон.

Тој наведе дека сега има доволно слободни капацитети за транспорт на гасот од Руската Федерација, вклучувајќи го и украинскиот систем, кој, според него, е спремен да го транспортира рускиот гас до европските потрошувачи наместо преку Северен тек 1.

Макагон смета дека испораките на рускиот гас преку украинскиот систем за пренос на гас ќе го спасат тој систем од уништување за време на непријателствата.

Советничката на министерот за енергетика на Украина Олена Зеркал претходно изјави, во контекст на одбивањето на Унгарија да се откаже од руската нафта, дека Киев има инструмент за притисок врз Будимпешта во облик на нафтоводот Дружба, кој минува преку Украина, на кој, според неа, нешто би можело да му се случи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе