Укинат интернетот во Иран - ден пред најавените протести

Иранските власти го укинаа пристапот до интернет во неколку провинции, објави денеска иранската новинска агенција.

Укинувањето се случи еден ден пред најавените протести, на кои луѓето беа повикани преку социјалните мрежи.

Некои роднини на луѓето убиени за време на протестите минатиот месец поради поскапувањето на бензинот и луѓето што објавуваа постови на социјалните медиуми повикаа на нови протести и организирање комеморации за загинатите в четврток, објави Ројтерс.

Полуофицијалната новинска агенција ИЛНА цитираше неименуван извор во Министерството за комуникации и информатичка технологија што рекол дека прекинувањето на интернетот го нарачале безбедносните власти во провинциите Алборз, Курдестан и Зањан во централниот и западниот дел на Иран и во Фарс на југот на земјата.

Според неименуван извор, и други провинции може да бидат погодени од исклучувањето од мобилната меѓународна поврзаност, објави ИЛНА.

Во ноември Иран го прекина пристапот до интернет на околу една недела за да ги задуши протестите.

Блокирањето на интернетот им го отежна на демонстрантите поставувањето видеа на социјалните мрежи за да добијат поддршка и сигурни информации за обемот на немирите.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе