Учителка во Словенија добила отказ бидејќи не сакала да се вакцинира ни да се тестира

На учителка во основно училиште во Марибор ѝ е врачено решение за прекин на работниот однос бидејќи одбивала да се тестира или вакцинира против коронавирусот, што е прв таков случај откако владата поради ширењето на епидемијата во третиот бран ги заостри мерките.

EPA-EFE

Словенечките медиуми јавуваат дека на учителката од почетокот на школската година ѝ било привремено забрането работењето бидејќи одбивала неделно да се тестира и да носи маска во училница, според обврзувачките насоки на министерството за образование, а сега ѝ бил врачен отказ. Таа има право да се жали за прекинувањето на работниот однос во рок од две недели.

Медиумите пренесуваат дека учителката активно дејствувала во антиваксерската група која неодамна упадна во студио на државната телевизија, барајќи да се престане со пропагандата на владината кампања за вакцинирање, а во видео на Фејсбук ги наговарала родителите да не ги праќаат децата во режимско и фашистичко училиште.

Директорката на училиштето изјави дека отказот ѝ бил врачен поради кршење на работните обврски бидејќи одбивала да носи маска на работното место и не го исполнувала таканаречениот ПВТ услов – преболен, вакциниран, тестиран, кој важи за вработените во училиштата.

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар кажа дека ПВТ условот кој со рестрикциите го одреди владата веќе дава резултат бидејќи во последните денови бројот на новозаразени е во стагнација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе