Училиштата му пркосат на Џонсон во однос на релаксацијата на ковид мерките

Стотици британски училишта му пркосат на премиерот Борис Џонсон, откако тој во средата објави дека повеќе нема да бидат потребни маски во училиштата, кога ќе истечат правилата на План Б следната недела, според извештаите во британските медиуми.

Фото: ЕПА

Повеќе од 100 директори на училишта веќе им пишале на родителите за да ги информираат дека нивните деца сепак ќе треба да носат маска за лице во училниците.

Неколку училишта рекоа дека политиката ќе биде во сила „до понатамошно известување“, наведувајќи ги високите регионални нивоа на ковид-19; преваленцата на коронавирус останува висока во североисточниот и северозападниот дел на Англија.

Други училишта кажаа дека носењето маски ќе доведе помалку ученици и наставници да се разболат од вирусот и така ќе се намалат пречките во образованието.

Некои училишта рекоа дека ќе спроведат внатрешна проценка на ризик пред да донесат одлука дали да се откажат од задолжителната употреба на маски.

Во четвртокот, Надим Захави секретарот за образование рече дека „сите училишта“ треба да се ослободат од маските за да се обезбеди сите деца да имаат „нормално искуство“ во училниците.

Тој додаде дека Одделот за образование ќе стапи во контакт со директорите кои ѝ се спротивставуваат на пресудата на премиерот и ќе им објаснат зошто маските мора да си одат.

„Ова важи за сите училишта - и доколку е потребно, локални тимови од Одделот за образование ќе работат со поединечни училишта за да ги поддржат во спроведувањето на упатствата“, рече тој.

Официјални лица веќе им пишале на наставниците објаснувајќи дека маските биле воведени само како „привремена мерка“ и дека тие „повеќе не се препорачуваат во училниците“.

Захави им рече на пратениците дека го одржува своето ветување и не го држи мандатот за маски ниту еден „ден подолго од потребното“, но призна дека можат да се користат во случај на „вонредна“ локална појава на ковид.

Забелешките на Захави доаѓаат кога најголемата група на наставници во Англија, Националниот синдикат за образование, предупреди да не се укинуваат ограничувањата „премногу брзо“.

Д-р Мери Бустед, генералниот секретар на синдикатот истакна дека олеснувањето на рестрикциите е со цел да се спаси работата на Џонсон, а не дека ја отсликува „грижата за учениците и персоналот што ги едуцира“.

Џонсон го најави укинувањето на рестрикциите според План Б, во средата бидејќи бројот на случаи на ковид почна да опаѓа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе