Меѓутоа, сега се бара модел кој ќе овозможи рускиот претставник Сергеј Лавров да биде исклучен од фотографијата, а останатите учесници да ја продолжат традицијата на заедничко фотографирање, дознава Политико.
Основниот аргумент за таквиот потег беше да се поштедат другите лидери од непријатностите да бидат фотографирани насмеани покрај Лавров. Заедничко фотографирање со Лавров би било особено проблематично во случај кога ќе пристигне украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кој се очекува да учествува на самитот.
Индонезискиот претседател Џоко Видодо, кој е и домаќин на самитот, не беше задоволен од таквиот план. Затоа, организаторите на самитот сега разговараат за идејата на заедничката фотографија да има само шефови на држави и влади. Така би му се оневозможило на рускиот министер за надворешни работи Лавров да биде на фотографијата.