Убиени се повеќе од десет илјади деца во војната во Јемен

Повеќе од 10.000 деца во Јемен се убиени или повредени во војната што со години трае во оваа земја, рече денеска портпаролот на Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ), Џејмс Елдер.

Фото: ЕПА

Потврдените податоци од извештаите и следењата на Обединетите нации даваат увид во она што е сигурно потценување на вистинскиот број на жртвите, зашто уште многу смртни случаи и повредени деца остануваат незабележани, им кажа на новинарите портпаролот на УНИЦЕФ Елдер, пренесува АП.

Тој истакна дека новите бројки покажуваат дека секој ден се убиени или повредени по четири деца, што е „срамен пресврт” откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија интервенираше во војната во 2015 година.

Оваа земја на Арапскиот Полуостров се соочува со неколку проблеми, долготраен судир, економско уништување и пропаѓање на социјалните и на здравствените услуги, како и со недоволно финансирани програми за помош на ОН, потсетува АП.

Хуманитарна помош им е потребна на околу 11 милиони деца во Јемен, наведува УНИЦЕФ.

Според податоците на ОН, вкупно 3.455 деца загинале, а повеќе од 6.600 се повредени во борбите во Јемен од 15 март 2015 и од 30 септември оваа година.

Освен насилството со кое се соочуваат, Елдер укажа дека многу Јеменци гладуваат не поради недостиг од храна, туку поради недостиг од пари за купување.

„Тие гладуваат зашто возрасните продолжуваат да водат војна во која децата се најголеми губитници”, истакна Елдер и рече дека „Јемен е најтешко место во светот за едно дете”.

Како што се наведува, ОН веќе долго време сметаат дека во Јемен се случува „најлошата хуманитарна криза во светот”.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе