„Чин на државен терор“

Убиен главниот ирански нуклеарен научник во напад кај Техеран

Главниот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде е убиен во близина на главниот град Техеран, потврди Министерството за одбрана на земјата.

Фото: ЕПА

Фахризаде починал во болница по нападот во Абсард, во округот Дамаванд.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, го осуди убиството „како чин на државен терор“.

Зариф рече дека во убиството на Мохсен Фахризаде има „сериозни знаци“ за вмешаност на Израел, но не даде повеќе детали. Израел, долго време осомничен за убиство на неколку ирански нуклеарни научници пред една деценија, одби да даде веднаш коментар, вели Асошиејтед прес. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху еднаш ѝ порача на јавноста „да го запомни тоа име“ кога зборуваше за Фахризаде.

Иранските медиуми јавуваат дека напаѓачите отвориле оган кон научникот во неговиот автомобил.

Новинската агенција Фарс претходно објави дека имало експлозија на автомобил во градот Абсард, а очевидци рекле дека „се убиени три до четири лица, за кои се вели дека биле терористи“.

Иранското Министерство за одбрана соопшти: „Вооружени терористи нападнаа возило со Мохсен Фахризаде, шеф на организацијата за истражување и иновации на Министерството. По судирот меѓу терористите и неговите телохранители, г. Фахризаде беше тешко повреден и веднаш префрлен во болница.“

„За жал, напорите на медицинскиот тим да го спасат беа неуспешни и пред неколку минути тој почина.“

Факризаде беше ранет во нападот и почина подоцна во болница, соопшти Иран.

Западните разузнавачки агенции сметаат дека Фахризаде стоеше зад тајна програма за иранско нуклеарно оружје.

„Ако Иран некогаш решеше да вооружува (збогатува), Фахризаде ќе беше познат како татко на иранската бомба“, изјави еден западен дипломат за новинската агенција Ројтерс во 2014 година.

Веста за убиството доаѓа во време на загриженост поради зголемено количество збогатен ураниум што Иран го произведува, вели Би-би-си. Збогатениот ураниум е витална компонента и за цивилно производство на нуклеарна енергија и за воено нуклеарно оружје.

Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мирољубиви цели.

Помеѓу 2010 и 2012 година, четворица ирански нуклеарни научници беа убиени, а Иран го обвини Израел за соучество во убиствата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе