Убиецот на словачкиот новинар доби 23 години затвор

Словачкиот суд го осуди поранешниот војник Мирослав Марчек на 23 години затвор поради убиството на истражувачкиот новинар Кан Кучијак и неговата вереница Мартина Кушнирова во февруари 2018 година.

37-годишниот Марчек не присуствувал на изрекувањето на пресудата, но од претходно ја призна вината.

Убиството на новинарот Кучијак поттикна протести низ целата држава и доведе до пад на владата во земјата со 5,5 милиони луѓе.

Јан Кучијак ги истражувал корупцијата и активностите ма Маријан Кочнер, богат претприемач и трговец со недвижности.

Тој и неговата вереница беа убиени со огнено оружје во својата куќа покрај Братислава во февруари 2018.

Обвинителите тврдат дека Кочнер го нарачал убиството на Кучијак.

На крајот на минатата година на 15 годни затвор беше осуден и посредникот во убиството на двојката, претприемачот Золтан Андрушко кој ги контактирал убијците.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе