Убиецот на новинарката на Малта: Да знаев која е, ќе барав повеќе пари

Мажот обвинет дека ја активирал автомобил-бомбата од која во октомври 2017 година загина истакната новинарка од Малта го призна злосторството во интервју со новинар на Ројтерс и рече дека наскоро ќе ги именува другите што учествувале во планирањето на атентатот. Убиената новинарка Каруана Галиција ги истражуваше организираниот криминал и корупцијата во таа островска држава.

Фото: ЕПА

Џорџ Деџорџо за прв пат јавно проговори за случајот од затвор и рече дека ќе побарал повеќе пари за убиството доколку знаел којa е новинарката за која тој и уште двајца мажи се обвинети за убиство.

„Да знаев, ќе барав 10 милиони. Не 150.000 евра“, рече тој.

„За мене тоа беше само работа. Да. Најобичен бизнис“, му рекол тој на новинарот на Ројтерс, а подоцна додал: „Секако дека ми е жал“.

Малтешките власти ги обвинија Деџорџо и уште двајца мажи – неговиот брат Алфред и соработникот Винс Мускат – за убиството на новинарката по наредба на моќен бизнисмен од островот.

Деџорџо за Ројтерс рече дека ќе се изјасни за виновен пред кое било судење. Тој навести дека во своето сведочење ќе осуди и други лица што биле вмешани во убиството и во уште еден нереализиран заговор за убиство на новинарката. Неговиот мотив, како што рече, бил да ја намали казната за себе и за Алфредо и да се погрижи „да не паднеме сами“.

Досега и двајцата браќа Деџорџо негираа вмешаност во убиството.

Винс Мускат во февруари беше осуден на 15 години затвор, како резултат на спогодба за признавање на вината, откако призна дека е соучесник во убиството што ја шокираше Европа. Во првата изјава по признанието на вина, Мускат му се извини на семејството на убиената новинарка.

Тој пред судот изјави дека првичниот план бил да се убие новинарката со огнено оружје, но било одлучено да се користи автомобил-бомба во нејзината ликвидација. Групата атентатори потоа најмиле автомобил сличен на оној што го управувала Каруана Галиција за да вежба провалување во возилото.

Заедно со Мускат, за учество во убиството беа обвинети и двајца браќа, Алфред и Џорџ Деџорџо. Според полицијата, убиството го нарачал локалниот тајкун Јорген Фенек.

Мускат беше единствениот што се изјасни за виновен, додека другите негираа одговорност за каков било прекршок.

Мускат тврди дека се согласил да учествува во атентатот откако Алфред му рекол дека за тоа ќе им бидат платени 150.000 евра.

Новинарката била следена со недели, тврди Мускат и додава дека Џорџ се залагал за автомобил-бомба бидејќи експлозивната направа може да се постави ноќе.

Додека дежурале пред нејзината куќа на 15 октомври 2017 година, забележале дека таа се паркирала надвор од дворот. Мускат, како што вели, ја зел бомбата скриена во кутија за чевли, се сретнал со другите двајца и заедно ја поставиле бомбата под возачкото седиште.

Следното утро, Мускат и Алфред се вратиле за да ја надгледуваат куќата. Во раните утрински часови, Каруана Галиција тргнала со автомобилот и тие го известиле Џорџ, кој ја активирал бомбата со далечински управувач од чамецот.

Тие не ја слушнале експлозијата, но оддалеку го виделе облакот од чад.

По неколку недели биле предупредени дека полицијата почнува со рации, а датумот на апсењето го дознале две-три недели однапред. Тие биле уапсени на 4 декември 2017 година и се погрижиле да бидат заедно.

Според Мускат, од браќата Деџорџо слушнал дека информацијата ја добиле од министерот за економија Крис Кардона, кој тоа категорично го демантира.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе