Уапсени двајца работници во нуклеарка поради дојава до украинските сили

Двајца работници вработени во нуклеарната централа Запорожје (НЕЗ) се приведени во Енергодар под сомнение дека им пренеле координати на украинските вооружени сили и го насочувале украинскиот артилериски оган, соопшти денеска полицијата на регионот Запорожје на својот канал Телеграм.

Фото: ЕПА

„Две лица се приведени во Енергодар осомничени дека го наведувале украинскиот артилериски оган. И двајцата се вработени во нуклеарната централа. Ним им се заканува казна од десет години до доживотен затвор за кривично дело меѓународен тероризам, а особено за насочување артилериски оган кон најголемата европска нуклеарна централа“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.

Централата Запорожје има две слаби точки, кои, според соопштението, најчесто се на мета на украинските вооружени сили, а тоа се системите за ладење и капацитетите за складирање на потрошеното нуклеарно гориво.

Нуклеарните реактори се поставени зад дебели ѕидови, кои ги штитат од артилериски оган.

Централата Запорожје се наоѓа недалеку од градот Енергодар и моментално е под контрола на руските сили.

Украинската артилерија во изминатите неколку дена ги гаѓаше објектите во комплексот на електраната користејќи тешка артилерија, беспилотни летала и повеќе ракетни фрлачи, но во повеќето случаи руската противвоздушна одбрана успешно ги одбива овие напади.

Сепак, некои гранати ја погодија инфраструктурата на комплексот на нуклеарната централа и складиштата на нуклеарен отпад.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе