Војната продолжува

Твитер скри објава на Трамп зашто величела насилство

Твитер скри еден од твитовите на Доналд Трамп со предупредување дека „го величи насилството“. Конфликтот меѓу американскиот претседател и социјалната мрежа сè повеќе се разжестува.

Трамп во четвртокот твитна за состојбата во градот Минеаполис, каде што жителите неколку дена протестираат откако полицаец уби црнец, и ги предупреди демонстрантите дека ќе ја испрати војската да интервенира ако „се јави некој проблем“.

„Кога ќе почне ограбувањето, почнува и пукањето“, напиша Трамп.

Два часа подоцна Твитер ја покри објавата на Трамп затоа што „го величи насилството“ и ги прекршува правилата на социјалната мрежа.

Правилото за додавање на предупредувања наместо бришење твитови платформата го воведе кон средината на 2019 година. Но Твитер никогаш не го примени тоа за Трамп, ниту пак некогаш избриша некоја негова објава.

Потегот на Твитер се случи неколку часа откако Трамп потпиша указ со кој се бара да се ограничи заштитата на социјалните медиуми и слободата што ја имаат при модерирање на нивната содржина.

Предупредувањето значи дека Твитер нема намера да се повлече во спорот со Трамп, кој почна во средата кога компанијата првпат додаде знакче за лажни податоци на објава на американскиот претседател.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе