Твитер го тужи Илон Маск

Твитер покрена тужба против Илон Маск обидувајќи се да го принуди да ја купи компанијата, започнувајќи правна битка против најбогатиот човек на светот.

Фото: ЕПА

Во тужбата Твитер бара од судот да му нареди на Маск да го заврши купувањето на Твитер по договорена цена од 54.20 долари по акција на компанијата.

„Откако организираше јавен спектакл за да го внесе Твитер во играта, предложи а потоа потпиша пријателски договор за спојување со продавачот, Маск очигледно верува дека тој за разлика од сите други страни кои се предмет на законот за договори во Делавер е слободен да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата , да го наруши нејзиниот бизнис, да ја уништи вредноста на акционерите и да си замине“, се вели во тужбата, наведувајќи ја долгата листа на сите договорни прекршувања од страна на Илон Маск кои го оцрнија Твитер и неговиот бизнис.

Во изминатиот месец aкциите на Твитер паднаа за повеќе од 8 отсто.

Акциите на Твитер паднаа за повеќе од 11 отсто во понеделникот, на едно од најниските нивоа од 2020 година, бидејќи инвеститорите го очекуваа претстојниот судски случај. Откако Твитер ја прифати понудата на Маск на 25 април, неговите акции изгубија повеќе од една третина од нивната вредност бидејќи инвеститорите станаа скептични дека договорот ќе се затвори според договорените услови.

Маск во петокот рече дека ќе бара да го раскине неговиот договор вреден 44 милијарди долари бидејќи компанијата за социјални медиуми прекршила повеќе услови од договорот.

Твитер тогаш објави дека не прекршил ниту една од своите обврски од договорот за спојување со извршниот директор на Тесла.

Судскиот спор најверојатно ќе биде огромен и долг, тоа вклучува месеци скапи сослушувања и преговори на елитните адвокати. Решението е далеку од сигурно, Твитер би можел да победи, но ако загуби, Маск би можел да си замине и да плати само такса за раскинување на договорот. Или двете страни би можеле повторно да преговараат и да се договорат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе