Туск ги обвини Австрија, Унгарија и Германија дека влегле во „зоната на рубљата“

Претседавачот на Европската народна партија (ЕПП) Доналд Туск ги обвини Австрија, Унгарија и Германија дека влегле во „зоната на рубљата“.

EPA-EFE

„Слушам дека не само Унгарија, туку и Австрија и Германија се спремни да го платат рускиот гас во рубли“, напиша Туск на Твитер и праша дали тие земји се сè уште „во еврозоната или во рубља зоната“.

Поранешниот полски премиер со тоа реагираше на медиумските извештаи според кои германскиот концерн Унипер, но и австриски ОМВ и понатаму планираат да плаќаат во евра, но на сопствени сметки во Газпромбанк, преку која уплатите се конвертираат во рубли.

Фајненшал тајмс објави, повикувајќи се на неименувани избори, дека ОМВ во Газпромбанк во Швајцарија планира да отвори сметка во рубли за плаќање на рускиот гас.

Од ОМВ веднаш реагираа соопштувајќи дека веста е неточна, без наведување што е погрешно во неа.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер вчера кажа дека Австрија и понатаму го плаќа гасот во евра и дека тоа го прави преку Газпромбанк.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе