Турските власти уапсија опозиционер обвинет за шпионажа

Безбедносниот експерт Метин Гурџан, еден од основачите на Партијата за демократија и напредок (ДЕВА) формирана минатата година, беше затворен во понеделникот во рамките на истрага што ја води Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Анкара, за „политичка и воена шпионажа“.

Фото: ЕПА

Турските власти го уапсија членот на опозициска партија Метин Гурџан под обвинение дека учествувал во политичка и воена шпионажа, објави турската новинска агенција Анадолија.

Како резултат на сослушувањето, судот одлучил да го уапси Гурџан за наводното кривично дело.

Гурџан е пензиониран воен офицер и заедно со Али Бабаџан е основач на опозициската партија Демократија и напредок.

Тој има напишано критички написи за надворешната политика и одбраната на Турција. Тој е обвинет дека им продавал тајни информации на странски дипломати.

Тој на рочиштето ги негираше обвинувањата.

Во телевизиско интервју во понеделникот, Бабаџан рече дека неговата партија го поддржува Гурџан и нејзините адвокати ќе го поддржат „до крај“. Партијата допрва треба да ги дознае за деталите од истрагата, рече Бабаџан. „Работата на Гурџан се заснова на отворени извори. Тој нема пристап до државните тајни“, рече Бабаџан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе