вторник, 16 април 2024

Словачкиот премиер: Не можете да ни наредите да примаме мигранти за кои ништо не знаете

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека нема да ги спроведе новите миграциски правила на ЕУ во својата земја, што е знак на континуирана тензија околу ова прашање и покрај постигнувањето договор по повеќегодишни преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Недвосмислено велиме дека не можете да ѝ наредите на една земја да прифати, во случајот со Словачка, до 300 мигранти за кои ништо не знаете или да плати по 20.000 евра за секој“, рече Фицо на прес-конференција.

„Тоа не е солидарност, тоа е диктат“, рече Фицо, додавајќи дека неговата партија Смер-ССД и словачката владејачка коалиција ќе гласаат против слични закони во националниот парламент.

За да стапи во сила во цела ЕУ, пактот треба да го ратификуваат земјите-членки кои потоа ќе имаат две години да го применат.

Претходно и Полска ги отфрли правилата за распределба на бегалците и мигрантите кои влегуваат покрај редовните гранични премини меѓу земјите-членки на ЕУ.

Унгарија исто така се спротивстави. Владиниот портпарол минатата недела изјави дека Будимпешта смета дека таквиот систем „не е остварлив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ