Турскиот министер за одбрана го прелета Егејско Море со Ф-16 заканувајќи ѝ се на Атина (ВИДЕО)

Вчера турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ја отвори „Годината на летачка обука 2020-2021“ со лет во борбен авион Ф-16 над Егејско Море, меѓу Турција и Грција, јавуваат турските медиуми.

EPA-EFE

Акар прелетал преку теснецот Дарданели над споменикот на турските војници кои загинале во борба со силите на Антантата во Првата светска војна.

„Ќе ја продолжиме битката во духот на Канакале (ботка во Првата светска војна) и ќе се трудиме на начин кој приличи на сите наши маченици, особено оние кои се тука закопани“, кажа Акар за време на летот над Егејот, обраќајќи им се на пилотите во авионите што го следеле.

Турскиот министер изрази уверување дека новата година на обука ќе биде успешна.

Акар кажал и дека оружените сили на Турција се способни да ги заштитат земјата, луѓето, турските морални вредности и интереси, без оглед на цената.

„Нам да попуштиме пред заканите и уцените во источниот Медитеран и ќе ги браниме своите права во согласност со меѓународните закони и билатералните договори“, кажа турскиот министер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе