Турскиот истражувачки брод ја продолжува мисијата за наоѓање нафта и гас во спорните води

Турција соопшти дека истражувачкиот брод Оруч реис ќе ја продолжи својата мисија во близина на јужниот брег на земјата до средината на јуни, пренесува Ројтерс.

EPA-EFE

Овој истражувачки брод оперираше во спорните води во источното Средоземно Море, што предизвика спор на Турција со Грција.

Оруч реис во придружба на два воени брода ќе ја продолжи мисијата во близина на брегот на Анталија, а потегот најверојатно ќе предизвика нов конфликт со Грција, наведува британската агенција.

Мисијата ќе трае шест месеци, од 22 декември оваа до 15 јуни следната година.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу минатата недела кажа дека Анкара, и покрај најавата за санкции од ЕУ, нема да се откаже од своите права и интереси во источниот Медитеран.

Турција го повлече истражувачкиот брод од спорните води во Медитеранот пред двата самити на ЕУ, поради што претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кажа дека „играта на мачка и глушец“ меѓу ЕУ и Анкара мора да заврши.

На самитот одржан месецов, лидерите на членките на ЕУ се сложија да подготват ограничени санкции за поединци во Турција поради спорот околу енергетските наоѓалишта со Турција и Кипар, а поострите потези беа одложени до март.

Лидерите на ЕУ планираат да разговараат и за извозот на оружје во Турција со НАТО сојузниците и со Вашингтон, откако Грција наметна воведување ембарго на оружјето.

Грција и Турција спорат околу поморските граници и правата на потенцијалните извори на нафта и гас во источниот Медитеран. Тензиите се продлабочија во август, кога Анкара го испрати Оруч реис во водите кои Атина ги смета за свои.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе