Турците им поставија барања на Шведска и Финска за влез во НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу побара „писмен договор" од Финска и Шведска за чекорите за запирање на нивната „поддршка за тероризмот" доколку сакаат да влезат во НАТО. Изјавите на Чавушоглу дојдоа пред одржувањето консултации на Турција со двете нордиски земји во Анкара за нивните кандидатури.

Фото: ЕПА

„Очекуваме да ја прекинат поддршката за тероризмот и да ги укинат одбранбените ограничувања“, изјави Чавушоглу за новинарите на летот за Палестина и Израел, според турската НТВ. Турција ги повикува Шведска и Финска да потпишат „писмен договор“ за прекин на „поддршката за тероризмот“ пред да даде зелено светло за кандидатурите.

Турција е единствената членка на НАТО која се противи на приемот на Шведска и Финска во НАТО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе