Здравствените работници ја примија својата прва инјекција во текот на утрото во неколку градови, вклучувајќи ги Истанбул и главниот град Анкара.
Директорот Реџеп Демирхан прв ја прими вакцината во истанбулската болница, пренесе фотографот на Франс Прес од местото на настанот.
„Нашите сограѓани не треба да бидат загрижени поради вакцините. Сите вакцини што се достапни во Турција се безбедни“, рече тој по приемот на инјекцијата.
„Би сакал нашиот народ што е можно побрзо да има бенефит од оваа вакцина и да се ослободи од пандемијата“, рече Ајхан Карабулут, лекар вакциниран во болница во Анкара.
Вакцината Коронавак, од кинескиот производител Синовак, се дава во две дози, со интервал од четири недели.