„Новата влада на Шведска е порешителна од претходната и ние тоа го прифаќаме со задоволство. Тие направија законодавни промени и сето тоа претставува позитивни чекори“, кажа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за новинарите во Брисел, на маргините на состанокот на НАТО.
Министрите за надворешни работи на Шведска, Финска и Турција се сретнаа во вторникот на маргините на состанокот. Но, турскиот министер додаде дека, без оглед на „убавите зборови и решителноста“ на двете нордиски земји, Турција сè уште чека „конкретни мерки“.
Турција ги обвинува Шведска и Финска за попустливост кон Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзините сојузници, како Единиците за народна заштита (ИПГ), и го блокира влезот на двете земји во западниот воен пакт од мај.
Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО во мај, како одговор на руската инвазија на Украина.
Унгарија, единствената земја во НАТО која покрај Турција не го ратификувала влегувањето на Шведска и Финска, кажа дека тоа ќе го направи во првиот дел на февруари 2023.