Турција прими 6,5 милиони дози од кинеската вакцина Синовак

Турција во понеделникот прими дополнителни 6,5 милиони дози вакцина против ковид-19 развиена од кинеската Синовак бајотек, објавија неколку медиуми, овозможувајќи ѝ да ја продолжи националната програма за вакцинација.

Фото: ЕПА

Новата пратка е како додаток на оригиналниот фонд од три милиони дози што Турција ги доби пред околу еден месец.

Досега се вакцинирани 1.257.000 лица, главно здравствени работници и постари лица, според Министерството за здравство.

Најновата пратка е дел од друга пратка што ќе изнесува вкупно 10 милиони дози.

Околу 600.000 луѓе биле вакцинирани за само два дена, кога во средината на јануари започна програмата за вакцинација.

Турција забележа повеќе од 2,4 милиони инфекции и 25.073 смртни случаи како резултат на ковид-19.

Поради зголемувањето на бројот на заразени во последните месеци, владата од декември воведе затворање за време на викенди.

Дневниот број на заразени во последните денови падна под 6.000, од високата бројка на 33.000 на почетокот на декември.

Мерките за борба против ширењето на коронавирусот во пролетта минатата година предизвикаа нагло забавување на турската економија во вториот квартал, а владата презеде голем број мерки за олеснување на товарот и заживување на активностите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе