Турција ослободи пар притворен поради фотографирање на резиденцијата на Ердоган

Турција во четвртокот ослободи израелски пар кој бил притворен поради фотографирање на резиденцијата на претседателот Таип Ердоган во Истанбул и осомничен за шпионирање, обвинувања кои Израел ги негира.

Фото: ЕПА

Морди и Натали Окнин биле уапсени на 9 ноември. Турски државјанин, кој бил во нивно друштво исто така бил уапсен под обвинение за политичка и воена шпионажа, објави државната новинска агенција Анадолија.

Семејството на уапсените вели дека парот, возачи на најголемата израелска автобуска компанија, бил на одмор.

„Благодарам на целата земја Израел. Им благодариме на сите што ни помогнаа и нè поддржаа да се ослободиме“, им рече Натали Окнин на новинарите откако таа и Морди се вратија во Тел Авив со изнајмен приватен авион.

Израел ги отфрли обвинувањата за шпионажа против парот, велејќи дека тие не работат за ниту една израелска државна агенција и испрати висок пратеник во Турција да бара нивно ослободување.

Во заедничката изјава, премиерот Нафтали Бенет и министерот за надворешни работи Јаир Лапид им се заблагодарија на Ердоган и на турската влада за „соработката“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе