Турција не се откажува: Шведска и Финска нема да влезат во НАТО додека не ги исполнат обврските

Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие земји не ги исполнат своите обврски во однос на борбата против тероризмот, кажа министерот за правда на Турција Бекир Боздак.

EPA-EFE

„Погрешно е да се очекува позитивна одлука на Турција околу поддршката за членство на нордиските земји, додека не го одржат својот збор“, кажа Боздак за турските медиуми.

Според него, Анкара сè уште не добила никаков одговор од Шведска и Финска на барањето на Турција за екстрадиција на лицата вмешани во терористички активности.

Турција претходно порача дека меморандумот кој го потпиша со Шведска и Финска на маргините на самитот на НАТО во Мадрид не е конечен и дека турскиот парламент може да не го ратификува нивното членство, доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат своите обврски во борбата против тероризмот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе