Турција направи меѓународен инцидент на седница на НАТО

Турција пред крајот ја напушти првата виртуелна конференција на НАТО поради спорот со Грција околу емигрантите, јавува Катимерини.

За време на разговорот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата, се случил скандал поради смртта на емигранти на границата на Грција и Турција.

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу за тој инцидент ја обвинил Грција. На тоа одговорил неговиот грчки колега Никос Дендијас со обвинување дека Анкара ги поткопува вредностите на НАТО.

Потоа, Чавушоглу ја напуштил конференцијата, не чекајќи го одговорот на генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Грчкиот министер смета дека Турција на тој начин се обидува да ја искористи ситуацијата со емигрантите во политички цели.

Грчките власти решија да ги протераат емигрантите кои пристигнаа на нејзината граница со Турција по 1 март, откако Анкара реши да не ги спречува на нивниот пат кон Европа.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе