Чавушоглу им кажа на новинарите дека Атина претходно ја навестила можноста преговорите да продолжат денес, но дека ништо не се случило и дека Грција нема оправдување за непродолжувањето на разговорите, пренесува Ројтерс.
Турција и Грција досега одржаа 60 рунди преговори до 2016 година, кога разговорите беа прекинати.
Анкара и Атина спорат околу поморските граници и правата на потенцијалните извори на нафта и гас во областа на источното Средоземно Море. Тензиите ескалираа во август, кога Турција го испрати бродот Оруч реис во водите кои Грција ги смета за свои.