Тројца мажи се опијаниле и потопиле две села во Виетнам

Тројца мажи во Виетнам се опијаниле и потопиле две села.

Тие минатата среда провалиле околу 2 часот наутро во контролната соба на локалната брана и ги одвртиле вентилите. Во селата Сон Нгујен и Суои Бац, во југоисточна Азија, се излиле два милиони кубни метри вода.

Поплавата, меѓу другото, уништила 15 тони шеќерна трска. Штетата која пијаните мажи ја предизвикале се проценува на 12.500 евра, пренесува Шпигл.

За среќа, во поплавата немало потешко повредени. Сѐ уште не се знае каква казна ќе добијат мажите. Можно е да им биде одредена парична казна, но мора да ѝ бидат на располагање на полицијата.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе