Три експлозии на цистерни со гориво во Абу Даби, се сомнева на напад со дронови (ВИДЕО)

Во индустриската зона на Абу Даби, вториот најголем град во Обединетите Арапски Емирати, се случи експлозија на три цистерни со гориво, при што загинале три лица, а шест се повредени. Полицијата, како што јави државната новинска агенција на ОАЕ, објави дека пред експлозијата на местото на настанот се видени дронови. По експлозијата местото го зафатил пожар.

EPA-EFE

Претходно портпаролот на Хутите, бунтовничката група поддржана од Иран, најави почнување операции против Обединетите Арапски Емирати. Повеќе локални медиуми објавија дека има пожар и на локацијата на која се гради новиот аеродром во Абу Даби.

Ерусалим пост објави дека Хутите ја презеле одговорноста за нападот.

Двата пожари се ставени под контрола, а во експлозиите и пожарите не е направена поголема материјална штета, јавува Ал Арабија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе