Трет ден по ред рекорден број заразени во светот; СЗО: Ова е критичен момент

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера е урнат светскиот рекорд кога станува збор за бројот на заразени со коронавирусот, трет ден по ред.

EPA-EFE

Според светските статистики на СЗО, во саботата се потврдени 465.319 заразени, а во петокот 449.720, а во четвртокот 437.247, пренесува Франс прес.

Но, тие податоци не ја даваат вистинската слика на пандемијата бидејќи врз нив влијае бројот на тестови кои се спроведуваат.

Северната хемисфера се наоѓа во „критичен момент“ на пандемијата, предупреди во петокот генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, оценувајќи дека преголем број земји имаат експоненцијален раст, а допрва е октомври.

Смета дека следните месеци ќе бидат потешки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе